ЛУКАКУ ОСТАНУВА ВО ИНТЕР, АМА ПОД ЕДЕН УСЛОВ? Клубот од Милано мора да се пласира во Лига на шампиони
Се истакнува дека Лукаку сѐ уште не размислува за својата иднина, туку е фокусиран на настапите на Интер во Лигата на шампионите и Серија А.
Иднината на напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, кој е позајмен од Челзи, зависи од неколку фактори, тврди инсајдерот Фабрицио Романо.
Зависи од тоа дали „нероаѕурите“ ќе се квалификуваат во Лигата на шампионите и од тоа кој ќе го тренира тимот следната сезона.
Се истакнува дека Лукаку сѐ уште не размислува за својата иднина, туку е фокусиран на настапите на Интер во Лигата на шампионите и Серија А.
Телеграф претходно тврдеше дека 29-годишниот Белгиец би можел да добие шанса во Челзи откако ќе му се приклучи на Маурисио Покетино.
Оваа сезона Лукаку настапи на 26 натпревари за Интер, постигнувајќи девет голови и три асистенции.