Светскиот првак во Формула 1 Луис Хамилтон е позитивен на коронавирусот поради што ќе ја пропушти Големата награда на Сахари во Бахреин која се вози овој викенд.
Од неговиот тим на Мерцедес информираат дека Британецот во понеделникот имал благи симптоми по што направил тест кој бил позитивен.
Хамилтон сега е во самоизолација, а Мерцедес наскоро ќе објави кој ќе го замени.