ЛУИС, АЈДЕ ДА НАПРАВИМЕ ПАУЗА Кејт Мидлтон има „шифра“ кога нејзините деца се палави
Убедливо најпалав и најинтересен е принцот Луис, кој многу често знае да „излезе“ од правилата кога кралското семејство е на јавно место.
Децата во кралското семејство уште од мали нозе мораат да следат различни протоколи и правила, па честопати се наоѓаат во непријатни ситуации бидејќи сѐ уште се мали и не ја знаат важноста на сите настани на кои се наоѓаат.
Убедливо најпалав и најинтересен е принцот Луис, кој многу често знае да „излезе“ од правилата кога кралското семејство е на јавно место.
Според кралскиот биограф, во моменти кога децата претеруваат, принцезата од Велс им се обраќа со посебна шифра.
– Кога принцот Луис лошо се однесуваше на платинестиот јубилеј на покојната кралица, на пример, вадејќи го јазикот кон неговата мајка, реакцијата на Кејт беше пофалена од тимови стручни коментатори. Таа очигледно користела тајна шифра за да ги смири децата, како што понекогаш прави, едноставно велејќи: Ајде да направиме пауза – вели Том Квин.
Очигледно децата се свесни за тежината на таа реченица и знаат што да прават кога мајка им така ќе им се обрати.