ЛУДНИЦА ВО АРГЕНТИНА „Божицата“ пристигна во земјата, за малку избегната трагедија (ВИДЕО)

Таму подоцна ќе биде и официјалната прослава по повод освојувањето на пехарот, а играчите и покрај пристигнувањето во 2:40 наутро по локално време, беа пречекани од многу фанови.

647

Авионот во кој се наоѓаше репрезентацијата на Аргентина која го освои трофејот од Светското првенство во Катар, слета во Буенос Аирес во раните утрински часови.

Таму подоцна ќе биде и официјалната прослава по повод освојувањето на пехарот, а играчите и покрај пристигнувањето во 2:40 наутро по локално време, беа пречекани од многу фанови.






Тие прво ќе преспијат во тренинг центарот, кој е во близината на аеродромот, но и пристигнувањето во раните утрински часови не беше пречка илјадници фанови да дојдат и да ги поздрават идните светски прваци.

Свечениот дочек ќе биде организиран околу пладне.

Инаку на патот до тренинг центарот избегната е несреќа кога Меси и другарите на кровот од автобусот во еден миг избегнаа еден кабел за струја. Повеќе во последното видео:

 

 

 

Поврзани содржини