„ЛУДАЧКИ БЕСМИСЛИЦИ НА БАЈДЕН“ Такер Карлсон го коментираше говорот на американскиот претседател

Лага по лага. Украина можела да го запре Путин. Не може. Тоа трае повеќе од 2 години. НАТО бил посилен од кога било досега. Не е точно. Тоа се бесмислици на еден лудак, рече Карлсон.

1,158

Американскиот новинар кој го направи познатото интервју со Путин, Такер Карлсон,  на социјалните мрежи го нарече говорот за Украина на американскиот претседател Џо Бајден „бесмислици на еден лудак“.

Во своето излагање, Бајден изјави дека „Украина со американска поддршка може да го запре Путин“. Американскиот претседател го повика Конгресот да му го достави за потпис нацрт-законот за помош на Киев.






Според новинарот, тоа е најмрачниот говор досега одржан од американски претседател и не е во американскиот дух, додавајќи дека Бајден е злобен демагог.

– Лага по лага. Украина можела да го запре Путин. Не може. Тоа трае повеќе од 2 години. НАТО бил посилен од кога било досега. Не е точно. Тоа се бесмислици на еден лудак – рече Карлсон.

Според Такер, американскиот претседател објаснил дека неговиот главен приоритет нема никаква врска со САД, туку со испраќање нови милијарди долари во Украина. Новинарот истакна дека обезбедувањето помош за Украина му е најважно на Бајден.

– Не му е приоритет да ја запре инвазијата на нарко-картелите во нашата земја, кои контролираат голема територија на југот на САД, не му е приоритет уништувачката економија што ја гледате секој ден, не му се срушените училишта каде што децата воопшто не можат да учат – додаде Карлсон.

 

Поврзани содржини