ЛУЃЕТО ПУШАТ ЗАРАДИ НИКОТИНОТ, УМИРААТ ПОРАДИ ЧАДОТ – ПОСТОИ НАЧИН ТОА ДА СЕ ПРОМЕНИ! Интервју со светски познатиот онколог Питер Харпер

Кога ќе се погледнат спроведените промени во Јапонија, каде што се посебно изразени кардиоваскуларните болести, може да се увиди дека дури со воведувањето на алтернативните тутунски производи, како вејпинг, е-цигари и производи што го загреваат, а не го согоруваат тутунот, бројот на пушачи е намален за дури 44 проценти за четири години – вели проф. Харпер.

2,504

Знаеме дека е тешко да се престане со пушење, дека пушачите се обидуваат, но знаеме и дека по неколку месеци повторно им се враќаат на цигарите. Ако е така, зошто не би препорачале намалување на штетите од пушењето, како што е употребата на вејпингот, електронските цигари и уредите што го загреваат, а не го согоруваат тутунот – вели во интервју за Плусинфо светски познатиот онколог Питер Харпер, еден од предавачите на петтиот Научен самит за намалување на штетите од тутунот, што на 21 и 22 септември се одржа во Атина.

Вие сте поддржувач на примената на концептот за намалување на штети кога станува збор за пушењето, која е причината?






– Мислам дека премногу долго лекарите се концентрираат на поставување дијагноза и лекување на пациентот и знаеме дека штом имаме дијагноза, на пример рак, шансите да се излечи тој пациент се многу мали. Значи, мораме да ја разгледаме причината зошто нешто се случува. Тука знаеме дека причина број еден за многу видови на рак, вклучувајќи го и ракот на белите дробови, е пушењето. Знаеме дека пушењето создава зависност, но знаеме и дека причината за зависноста е никотинот, па оттаму и заклучокот дека луѓето пушат за никотинот, но умираат од чадот. Тоа е многу едноставна изјава за многу сложено прашање, така што знаеме дека престанувањето со пушење без никотин е многу тешко. Постојат околу една милијарда постојани пушачи во светот, а тоа значи дека 80 милиони од нив ќе заболат од рак на белите дробови. После 20, 30 или 40 години би сакале драстично да ја намалиме ова бројка. Знаеме дека е тешко да се престане со пушење, дека пушачите се обидуваат, но знаеме и дека по неколку месеци повторно им се враќаат на цигарите. Најголемата причина за тоа е никотинот, кој предизвикува зависност. Значи, од моја гледна точка, зошто не би препорачале намалување на штетите од пушењето, односно методи кои што можат да помогнат во откажувањето. Еден од начините што може да помогне при откажувањето е употребата на вејпингот, електронските цигари и уредите што го загреваат, а не го согоруваат тутунот.

Во која мера концептот за намалување на штети е научно докажан како корисен кога станува збор за јавното здравје?

– Значи, она што го знаеме од научната позадина е дека пушењето може да предизвика рак. Во случај на која било болест, доколку се намали бројот на причините или се намали бројот на токсините, ќе имаме подобар исход. Во случајот на загадувањето, дали знаеме дека намалувањето на загадувањето ќе влијае на резултатите и дали тоа ќе се случи 10, 20, 40 или 60 години подоцна? Така ќе биде и со ракот и пушењето, но не да се надеваме на долгорочни резултати за 30 години. Тоа не значи дека не треба да се започне со спроведување на намалување на штетите, бидејќи веќе постојат докази дека пушењето на тутун се намалува. Кога ќе се погледнат спроведените промени во Јапонија, каде што се посебно изразени кардиоваскуларните болести, може да се увиди дека дури со воведувањето на алтернативните тутунски производи, како вејпинг, е-цигари и производи што го загреваат, а не го согоруваат тутунот, бројот на пушачи е намален за дури 44 проценти за четири години. Бројките постојано се намалуваат и многу веројатно е дека тоа е случај поради воведувањето на концептот на намалување на штети.

Вие сте познат онколог, и многу ваши колеги и лекари го поддржуваат ставот за потребата од примена на концептот за намалување на штети во борбата против болестите предизвикани од чадот од тутунот. Сепак, Светската здравствена организација и многу земји ги третираат алтернативните тутунски производи исто како и цигарите. Зошто е тоа така?

– Мислам дека е многу тешко за онколозите да ги разгледаат доказите што се произведени од тутунските компании, во област што е независна. Сега, како што навлегувате подлабоко во темата, сфаќате дека употребата на овие производи се разгледува и од ФДА, која се согласува со доказите. Но, за ова е потребно време за да се филтрираат доказите, така што на некој начин, мојот став е дека Владите требаше да постават лаборатории и да ги предочат доказите, бидејќи тешко е да се очекува дека луѓето ќе ги прифатат овие факти од тутунската индустрија. Тоа е всушност она што ме однесе во лабораториите и науката. Политиката е многу вклучена во оваа област, бидејќи одгледувањето тутун е многу важно за многу нации кои немаат други големи култури и тоа е многу зрел дел од руралната економија. Сето ова треба да се земе предвид за тоа како ќе бидат поддржани тие рурални економии, доколку не можат да одгледуваат тутун. И пак се враќаме на концептот на намалување на штети, односно употребата на тутунските алтернативи ќе ја споредам со користење на безбедносниот појас во моторните возила и колку автомобили би можеле да бидат продадени во денешно време доколку немаат ваков појас?

Ќе повторам дека една милијарда пушачи значи околу 80 милиони болести рак на белите дробови. Секој рак на белите дробови ќе ги погоди партнерот, децата, внуците, а можеби и бабите и дедовците. Ова е огромен проблем и едноставно мора да се престане да се размислува за бројки, туку да се имат во предвид процентите.

И што треба да се направи со оние кои не сакаат да се префрлат на алтернативи или тутунски производи како подобри алтернативи за нивното здравје?

– Мислам дека треба да има докази. Ако ги погледнете британците кои имаат високо образование, добра работа и стабилен брак, помалку од пет проценти пушат. Значи, она што се прави е дека повеќе се таргетираат луѓе како нив, но не се таргетираат оние кои имаат проблеми со менталното здравје, можеби некои од нив се под стрес од други причини, сиромашните, луѓето кои се физички работници. Колку и да се зголемат цените на цигарите, тие повеќе би купиле цигари отколку храна. Значи, мора да се погледнат цените на алтернативните производи, кои се легално набавени и кои не можат да се оданочуваат на ист начин како цигарите, бидеќи им нудат на луѓето подобар начин за консумирање на тутун.

Поврзани содржини