ЛУЃЕТО ПРЕД 400 ГОДИНИ ЛЕСНО СЕ СПРАВУВАЛЕ СО ДЕПРЕСИЈАТА Пливајте во студена вода, сакајте ја природата

Анатомијата на меланхолија на Роберт Бартон можеби е напишана во 1621 година, но нејзиното револуционерно разбирање за човечката природа останува исклучително модерно до денес.

631

Кога станува збор за книги за самопомош би помислиле дека колку се тие понови, толку се и подобри. На крајот на краиштата, не сакаме ли да учиме за најновите алатки за да станеме најдобри верзии за себе? Па, не е секогаш така.

Анатомијата на меланхолија на Роберт Бартон можеби е напишана во 1621 година, но нејзиното револуционерно разбирање за човечката природа останува исклучително модерно до денес.






Бартон, кој бил британски свештеник и научник, собрал скоро две илјади години истражувања, од античка грчка филозофија до медицина од 17 век. Тој добро ја познавал оваа тема, бидејќи и самиот тој се соочувал со „меланхолија“, нарушување кое се смета дека вклучува потиштеност, депресија и инерција.

Но, колку легендарната работа на Бартон се вклопува во денешното разбирање на депресијата и нарушувањата на расположението? Ејми Липтрот, шкотска новинарка и авторка, повторно го прочитала делото на Бартон и ја објавила Новата анатомија на меланхолија, ажуриран водич за 21 век.

Таа тврди дека механизмите за подобрување на нашето ментално здравје од 1620 -тите се сѐ уште корисни и денес како и тогаш, пренесува српскиот Би-Би-Си.

Предностите на студената вода

Во книгата, Бартон собрал огромен спектар на идеи и текстови напишани од други. Предностите на пливање на отворено, во слатководни реки и студена вода била една таква теорија што ја вклучил.

Се чини дека наишол на нешто важно.

– Додека полека се навикнувате на шокот од студена вода и почнувате подобро да се справувате со него физиолошки и на клеточно ниво, воспалителните реакции на други видови шокови и стресови во основата на феномени како што е депресијата, истовремено се намалуваат – вели д -р Мајк.Типтон, директор на лабораторијата за истражување екстремна средина на Британскиот универзитет во Портсмут.

Останете во близок контакт со природата

Природата, за Бартон, била клучна за ублажување на симптомите на меланхолија. Тој ја пофалил вредноста на билките и цвеќињата, како што се борагот и пченката, за расчистување на менталните магли, чистење на вените од меланхолија и бодрење на срцето.

Професорот Симон Хисок, директор на Ботаничката градина Оксфорд во Велика Британија, вели дека растенијата како што е борагот се користат за лекување на меланхолија, вознемиреност и депресија уште од античко време. Не само што се смета дека ова растение носи радост во вашиот живот, туку исто така се тврди дека им го додавале на римските војници во виното, за да се здобијат со храброст во битките.

Бартон, исто така, бил страстен поборник за позитивните ефекти што ги има градинарството, мотиката и орањето врз човечкото тело.

Британскиот градинар Монти Дон, кој самиот се борел со тешка депресија, ги опишува „силните лековити својства“ кои доаѓаат од физичкото поврзување со растенијата, обработувањето на земјата и следењето на растот на растенијата што ги засадил.

– Открив дека вежбањето е најдобро кога се комбинира со некаква цел – додава тој.

Верувањата на Бартон за моќта на излегување надвор и во природа, сега се дури и официјално признати и вклучени во третманот што го обезбедува британската Национална здравствена служба.

Споделете го проблемот, за да ви олесни

„Најдобар начин да си олесниме, е тешкотиите да ги поделиме со еден од нашите пријатели, а не само да ја чуваме на нашите гради“, рекол Бартон пред 400 години.

Тој, исто така, откри нешто важно кога предложи да „користите пријатели чии шеги и позитива можат да ве расположат“.

Ако му кажете на вашиот лекар за вашето лошо расположение, би очекувале тој да ви препише антидепресивна терапија.

Но, дали знаевте дека во земји како Данска, Канада и Велика Британија, лекарите сега препишуваат „рецепти за дружење“, како што се часови по сликање, посети на музеи или групни прошетки?

Осаменоста, наместо сериозна ментална болест, предизвикува анедонија (прекин на уживање во пријатни активности), тогаш рецептот за дружење може да биде многу покорисен од лековите.

Рамнотежа помеѓу работата и животот

Во ред, Бартон не го користел точно терминот „рамнотежа помеѓу работата и животот“, туку говорел за „љубов кон учењето“, наспроти „претерување со студиите“.

Неговата теорија била, дека премногу време поминато читајќи и пишувајќи книги, значи дека автоматски не се посветува доволно време на друга практика за која се знае дека е добра за менталното здравје, како што се вежбање, спиење и дружење.

И тука доаѓа рамнотежата: кога нашите мисли се немирни и вознемирени, учењето обезбедува добредојдено одвраќање, позитивен фокус и работа со цел. Но, ако учите премногу и седнете и бидете сами, ќе ги занемарите другите активности што го хранат здравиот ум.

Зборовите на Бартон можеби потекнуваат од некое минато време, но неговата збирка теории за причините, симптомите и третманот на меланхолија се сѐ уште корисни и релевантни и денес.

Следете го сопственото расположение

За некој што страда од нејзе, депресијата може да изгледа дека нема ред или правила, а сепак нашето расположение може да следи прилично слични модели. Бартон теоретизирал дека меланхолијата е „наследна болест“ и барал модели на ментална болест во цели семејства и меѓу генерации.

Излезе дека тој веројатно не ја промашил поентата – денес е познато дека депресијата има и генетска компонента.

„Секаде каде што родителот страда од депресија, би сакал да го видам детето и неговото или нејзиното пошироко семејство да учествуваат во грижата и да добијат можност сами да добијат грижа“, вели д-р Френсис Рајс, која работи со семејствата за лекување на депресивни нарушувања.

Студијата на Бартон за меланхолија не се занимава само со моменти на несреќа, тој исто така го води читателот до вртоглавите височини на неговите емоции.

Со нашиот напредок во разбирањето на нарушувањата на расположението, модерните академици сугерирале дека екстремните подеми и падови на Бартон може да бидат симптоми на биполарно растројство. Имал фасцинантен увид во сопственото постојано менување на расположението и околностите што влијаеја врз него.

Денес, неговата свесност може да се смета за витално средство за контрола на менталната болест, ако можеме да ги набљудуваме моделите во нашето расположение и однесување, можеме да управуваме со надворешните фактори кои придонесуваат за нив.

Ако пливањето, природата, заедницата, читањето и самосвесноста, функционираа за луѓето пред 400 години, зошто да не и за нас денес?

Поврзани содржини