📽️ ЛУЃЕ КАМПУВАА И СЕ ТЕПАА ЗА ЧАСОВНИК ОД 385 ЕВРА Хаос пред продавниците на „Swatch“, полицијата фрлала солзавец

Новата колекција часовници на „Swatch“ и „Audemars Piguet“ предизвика глобална хистерија, редици, тепачки и полициски интервенции пред продавниците низ Европа и САД.

85

Швајцарскиот производител на часовници „Swatch“ беше принуден привремено да затвори дел од своите продавници низ светот, откако огромна навала од купувачи создаде хаос поради новата колекција изработена во соработка со „Audemars Piguet“.

Новата серија часовници „Royal Pop“ беше официјално пуштена во продажба во саботата и веднаш предизвика вистинска еуфорија меѓу љубителите на часовници. Иако моделот се продава за 385 евра, интересот е огромен бидејќи станува збор за соработка со еден од најлуксузните швајцарски брендови, чии часовници чинат и над 20.000 евра.






Во повеќе градови низ светот, меѓу кои Женева, Њу Јорк, Дубаи, Лондон, Парис, Лион и Милано, луѓе со денови чекале во редици пред продавниците. Дел од ентузијастите дури и кампувале пред локалите речиси една недела пред почетокот на продажбата.

Но, големата побарувачка брзо доведе до хаотични сцени. Во Париз, полицијата употребила солзавец за да воспостави ред пред една од продавниците, додека во Милано биле пријавени тепачки меѓу купувачите уште пред отворањето.

 

Проблеми имало и во Холандија и во неколку градови во Велика Британија, каде продавниците на „Swatch“ биле преплавени со луѓе, по што дел од нив биле затворени од безбедносни причини.

Во меѓувреме, часовниците веќе почнале масовно да се препродаваат преку интернет, а цените на некои модели достигнале и до 16.000 евра.

 

Од „Swatch“ апелираа граѓаните да останат смирени и да не создаваат метеж, нагласувајќи дека колекцијата не е ограничено издание и дека часовниците ќе продолжат да бидат достапни.

Поврзани содржини