„Ловци на вируси“ пребаруваат пештери на лилјаци за да ја предвидат следната пандемија

Питер Дазак, кој е „ловец на вируси“ веќе 10 години, вели дека досега се идентификувани околу 500 нови коронавируси во повеќе од 20 земји.

807

Група научници истражуваат пештери во југозападниот дел на кинеската провинција Јунан за да пронајдат нови вируси кај лилјаците, особено оние од семејството „корона“ и да спречат нови големи пандемии, објави „СNN“.

Питер Дазак, кој е „ловец на вируси“ веќе 10 години, вели дека досега се идентификувани околу 500 нови коронавируси во повеќе од 20 земји, засновани на 15.000 примероци земени од лилјаци, како и дека примерокот што е земен во 2013 година од пештера во Кина е можен предок на ковид-19.






Дазак, кој е претседател на „EсoHealth Alliance“, американска невладина организација специјализирана за откривање на нови вируси и превенција од пандемија, додава дека наодите се пренесуваат во отворена библиотека на сите познати вируси кои ги напаѓаат животни.

Врз основа на овие информации, научниците можат да предвидат кои видови најверојатно ќе преминат кај луѓето и со тоа да го подготват светот за нови пандемии, како што е тековната пандемија на вирусот ковид-19.

Целта на студијата е да се идентификуваат нови вируси кои ги напаѓаат животни, вклучително и коронавирусите, пред да се преселат кај луѓето.

Дазак проценува дека лилјаците носат до 15.000 коронавируси, од кои досега се познати само неколку стотици.

Поврзани содржини