Лошо е чувството да имаш деца, а да не знаеш што сакаат да јадат

Поради претходните отсуства додека работев во петта брзина, децата речиси ме заборавија. Лошо е чувството родените деца да се срамат и да те гледаат како да си странец. Сега, благодарение на короната, по цел ден сум дома со своите ќерки, се зближивме, се засакавме, си ги исполнуваме желбите, си ги чуваме тајните и да, тато готви секој ден за нив и им ги исполнува сите желби, вели нашиот соговорник Дејан Христовски

749

Наместо во ресторан, него го запознавме преку ТВ екраните и неговото кулинарско шоу „4 Сезони“. Во тој период беше вистинска ѕвезда, а луѓето, најмногу повозрасните жени и оние кои ја гледаа емисијата, знаеја и да побараат да се фотографираат со него. Беше дел од многу гастрономски настани и секаде беше препознатлив по тоа што наспроти срамежливоста на своите колеги, тој беше искусен пред камерите и фотообјективите.

Во меѓувреме, работел и учел во Шведска и во Германија, па го печел занаетот во скопски „Мериот“, а денес, како и многу негови колеги, конечно има шанса секојдневно да готви за своето семејство. Како и многу други, и тој од короната го извлекува најдоброто – повеќе време со семејството и со децата кои поради претходните отсуства, додека работел во петта брзина, речиси го заборавиле.






Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини