Лошата карма на Роналдо: Нема дадено гол во натпревар со Франција
Португалскиот напаѓач не успеа да ја прекриши кармата ниту синоча во напреварот за Лига на нации.
Напаѓачот на Португалија, Кристијано Роналдо не успеа да постигне гол синоќа на натпреварот од Лигата на нации против Франција (0:1).
За Роналдо ова беше шеста средба со Французите. Напаѓачот никогаш не постигнал погодок на еден натпревар против „триколорите“. Ова е најдолгата низа без голови против еден противник за Роналдо во целата своја кариера, и меѓународна и клупска.
Португалија по поразот ги загуби шансите за првото место во групта и пласман на завршниот турнир.