ЛОС АНЏЕЛЕС ДОБИ МУЗЕЈ ПОСВЕТЕН НА КИНО Том Хенкс го најави Филмскиот музеј
Лос Анџелес конечно добива филмски музеј и крајно време беше за тоа. За Лос Анџелес е важно да го има овој филмски музеј, рече Том Хенкс додека ги поздравуваше новинарите на специјалниот настан пред официјалното отворање, додавајќи дека на градот му е потребен овој кино-музеј, затоа што треба да го слават сѐ она што градот му донел на светот.
Светската престолнина на филмот и дом на Холивуд, градот Лос Анџелес, може да се пофали со музеи за сѐ, но досега немало ниеден посветен на кино. По многу одложувања, Филмскиот музеј на Академијата ќе биде отворен за јавноста следната недела.
– Лос Анџелес конечно добива филмски музеј и крајно време беше за тоа! За Лос Анџелес е важно да го има овој филмски музеј – рече Том Хенкс додека ги поздравуваше новинарите на специјалниот настан пред официјалното отворање, додавајќи дека на градот му е потребен овој кино-музеј, затоа што треба да го слават сѐ она што градот му донел на светот.
Меѓу експонатите се оригинални костими од „Дракула“, фигури од „Господарот на прстените“, „Обликот на водата“, „Војна на ѕвездите”…
– Сакаме да ги претставиме сите меѓународни и разновидни приказни за снимањето филмови, во нашите галерии – изјави директорот на музејот, Бил Крејмер.