ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ БИДАТ РАСПИШАНИ ДО 15 АВГУСТ Собранието максимално ќе ги искористи деновите за носење закони, вели Гаши
Во утврден датум којшто е во рамките на законските термини ќе ги распишеме изборите. Тоа ќе биде во првата половина од август, вели претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Локалните избори ќе бидат распишани во првата половина од август, што е во законски утврдениот термин, рее денеска претседателот на Собранието Африм Гаши, при посетата на Тетово.
– Очекуваме и чекаме уште малку да видиме дали може да донесеме закони и да не попречиме во работата на другите институции. Ќе гледаме да ги искористиме максимално овие денови. И во утврден датум којшто е во рамките на законските термини ќе ги распишеме изборите. Тоа ќе биде во првата половина од август – истакна Африм Гаши по средбата со градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.
Касами на новинарско прашање ги коментираше одлуките на раководството на ДУИ како кандидати за градоначалници да ги номинира во Тетово, Бајрам Реџепи и во Чаир, Бујар Османи.
– Јас гарантирам дека кадидатите на Вреди, кој да биде и за Тетово и за Чаир, ќе бидат далеку подобри ќе бидат кандидати на граѓаните и за граѓаните. Ако кажам од позицијата која ја има во партијата, тој е втор човек после Ахмети, но реално не е тоа што очекуваа граѓаните од Тетово од ДУИ и од нивната коалиција. Оценуваме дека ДУИ има многу други подобри кандидати, но сепак е нивна одлука. Ако ми се даде мене можноста за Тетово, сигурно дека ќе имаме што да понудиме. За нас е важно да продолжиме да бидеме 24 часа во служба на граѓаните, а граѓаните се тие кои ќе одлучат дали ќе прифатат една или друга опција. Во Чаир исто така ценам дека Бујар Османи не е соодветен кандидат, ДУИ исто и таму има подобри можности, но тоа е нивна одлука – рече Касами.