ЛОГА ГО РАЗРЕШИ СУДИЈАТА ЛАЗАР НАНЕВ Беше претседател на Советот на ИКT

735

Министерот за правда, Кренар Лога, го разреши судијата и претседател на Советот за координирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи, Лазар Нанев.

Лога до Судскиот совет доставил допис за отворање на постапката за утврдување на одговорност за работата на Нанев.






– Јас како министер нема да дозволам во работни тела кои се во состав на министерството да членуваат лица за кои постојат сериозни индиции за нарушен интегритет – рече Лога.

Тој додаде дека поради воочени пропусти во работата на ова тело иницирал постапка за воведување на нов правилник за начинот на избор на составот.

Нанев е претседател на Основниот суд во Кавадарци.

Поврзани содржини