Лизгалиште претворено во мртовечница, нема место на гробиштата во Мадрид

Погребалните служби во Мадрид соопштиле дека веќе нема да ги земаат телата на починатите поради тоа што не поседуваат доволно опрема.

1,083

Нема место на гробиштата во Мадрид, па лизгалиштето ќе биде користено како импровизирана мртовечница за жртвите од коронавирусот, соопштија градските власти откако бројот на починати од Ковид-19 во главниот град порасна на 1.263.






Како што пишуваат шпанските медиуми, трговскиот центар „Паласио де хело“ го понудил своето лизгалиште со големина од 1.800 метри квадратни да биде место за жртвите, а преуредувањето на просторот ќе го координира Владата на Шпанија.

Инаку, погребалните служби во Мадрид соопштиле дека веќе нема да ги земаат телата на починатите поради тоа што не поседуваат доволно опрема.

Поврзани содржини