ЛИТВАНЕЦ СКРШИЛ ЗГЛОБ И ВИЛИЦА НА ТРЕНИНГ Младиот олимпиец излетал на последниот свиок
Младиот натпреварувач беше дел од парадата на делегации на отворањето на Фестивалот во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.
Литванскиот велосипедист, Јокубас Дабушинскас, се повредил на тренинг возење при што ги скршил зглобот од раката и вилицата. Тој не настапи на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) кој се одржува во Скопје, иако учествуваше на отворањето на Фестивалот во спортскиот центар „Јане Сандански“.
– Се чувствував одлично, подготовките минаа добро, формата ми беше на високо ниво. Во саботата првпат ја извозев патеката и ми изгледаше поволна. Следниот ден сакав да ја поминам побрзо, но при последниот свиок излетав, паднав на асфалт и се повредив – изјави младиот велосипедист – пренесе порталот Спорт1.