„ЛИНК МЕДИА ПЛУС“ ЌЕ ГО УКРАСУВА СКОПЈЕ Украсувањето ќе чини 53.000 евра

Градските власти сè уште не соопштија кога точно ќе започне поставувањето на украсите, ниту, пак, каква новогодишна програма се предвидува, како и кој ќе ги забавува скопјани за Новогодишната ноќ.

131

Фирмата „Линк медиа плус“ ДООЕЛ е избрана за новогодишно украсување на Скопје, објавија повеќе медиуми.

Украсувањето ќе чини 3.260.000 денари, односно 53.000 евра. Откако фирмата ќе достави банкарска гаранција, ќе биде потпишан договорот.






Истата компанија годинава ги добила и тендерите за украсување во Општина Центар и во Општина Штип.

Според тендерската спецификација, фирмата треба да постави новогодишни и светлосни елементи на повеќе локации низ Скопје. Најголем дел од декорацијата ќе биде на плоштадот „Македонија“, каде што ќе се постави новогодишна елка висока најмалку 13 метри, со метална конструкција, вештачко зеленило, украси и светилки, 3Д фигура мече висока 4 метри, големи алуминиумски светлосни ѕвезди во две димензии, 3Д-рамка за фотографирање во форма на Дедо Мраз, ѕвездено небо со површина од минимум 800 квадратни метри, лед-мразулци, светлосна обвивка на 25 столбови на канделабрите.

Освен плоштадот „Македонија“, ќе се украсуваат и главните скопски улици и булевари: Даме Груев, Димитрија Чуповски, 11 Октомври, ВМРО, Гоце Делчев, Партизански одреди, како и улицата Филип Втори Македонски. На овие улици и булевари ќе се поставуваат висечки светлосни елементи, лед-фигури, мразулци и декоративни конструкции.

Пред Владата ќе бидат инсталирани 40 светлосни елементи.

Фирмата треба да обезбеди и демонтажа по завршувањето на празничниот период.

Градските власти сè уште не соопштија кога точно ќе започне поставувањето на украсите, ниту, пак, каква новогодишна програма се предвидува, како и кој ќе ги забавува скопјани за Новогодишната ноќ.

3Д MEЧЕ, 13-МЕТАРСКА ЕЛКА, ГИГАНТСКИ УКРАСИ… Скопје ќе се претвори во неверојатна новогодишна сцена

Поврзани содржини