ЛИФТ ВО РАДИШАНИ ТЕШКО ПОВРЕДИ 3-ГОДИШНО ДЕТЕ Вратата ненадејно се отворила и се затворила

Инцидентот се случил на 22 август околу 18:15 часот, додека мајка и нејзините деца биле во лифт од станбена зграда на подрачјето на Радишани.

0

Тригодишно дете тешко е повредено во несреќа со лифт во зграда во Радишани, откако според пријавата од мајката, вратата од лифтот ненадејно се отворила и се затворила.

Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен информира дека Е.З.(30) од Скопје вчера во 20:00 часот во СВР Скопје пријавила дека на 22 август околу 18:15 часот, додека таа и нејзините деца биле во лифт од станбена зграда на подрачјето на Радишани, вратата од лифтот ненадејно се отворила и се затворила, при што нејзината тригодишна ќерка била повлечена и добила тешки телесни повреди.






Повредите биле констатирани во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје.

МВР во дневниот билтен вели дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини