ЛИДЛ СО ЈАСНА ВИЗИЈА ЗА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР Компанијата најави одржливи инвестиции и модерна инфраструктура низ целата земја

На настанот беа презентирани високите стандарди што Лидл ги применува во процесите на избор на локации, дизајн, изградба, безбедност при работа, енергетска ефикасност и сертификација. Компанијата потенцираше дека со транспарентни тендерски постапки и усогласеност со најдобрите европски практики, секој проект се гради со највисоко ниво на контрола и одговорност.

3,494

Во соработка со Министерството за транспорт и врски и Стопанската комора на Северна Македонија, Лидл Северна Македонија организираше бизнис-конференција посветена на градежниот сектор и секторот за недвижности. Настанот се одржа во Скопје и ги собра сите релевантни чинители во процесот на реализација на проектите на компанијата низ државата.

Конференцијата ја отвори заменик-министерката за транспорт Калтрина Зеколи-Шаќири, која истакна дека влезот на Лидл на македонскиот пазар претставува значаен поттик за економијата.






– Инвестицијата на компанијата Лидл носи свежина на пазарот, отвора нови перспективи за економијата и претставува доказ дека Северна Македонија нуди одлични услови за одржлив развој и рамноправно партнерство меѓу државата и бизнисот – изјави Зеколи-Шаќири.

Фото: Лидл

На настанот беа презентирани високите стандарди што Лидл ги применува во процесите на избор на локации, дизајн, изградба, безбедност при работа, енергетска ефикасност и сертификација. Компанијата потенцираше дека со транспарентни тендерски постапки и усогласеност со најдобрите европски практики, секој проект се гради со највисоко ниво на контрола и одговорност.

– Лидл е сериозен инвеститор кој влегува на пазарот со јасна визија и долгорочна посветеност. Нашата стратегија вклучува континуирана изградба на модерна, енергетски ефикасна и безбедна инфраструктура низ целата земја – изјави Рубријан Хаџиев, главен оперативен директор на Лидл Северна Македонија.

Како дел од групацијата Шварц, најголемиот синџир на дисконти во Европа со над 12.000 продавници и присуство во 31 земја, Лидл на пазарот носи стабилност, модерни технологии и одржливи решенија. Компанијата вработува над 375.000 луѓе глобално и од 2022 година ги користи исклучиво зелените извори на електрична енергија во своите објекти.

Посебен акцент беше ставен на соработката со домашни и меѓународни компании – од урбанисти, архитекти и градежници, до сертификациски тела и добавувачи. Овој холистички пристап овозможува реализација на комплексни проекти врз основа на доверба, квалитет и соработка.

Конференцијата заврши со интерактивна сесија со прашања и одговори, како и можност за директно вмрежување помеѓу Лидл и бизнис-секторот.

Поврзани содржини