Лидл на својте вработени во САД им нуди 200 долари ако се вакцинираат
Поттикнувањето за вакцинирање на Лидл е меѓу најголемите кои досега некоја фирма го понудила на својте вработени.
Германскиот дисконтен ланец на супермаркети Лидл им понудил на својте вработени во САД кои ќе се вакцинираат против ковид-19 дополнителни 200 долари откако вакцината ќе стане достапна во сојузните држави.
Лидл ја објавил понудата по сличните предлози на конкурентските компании како Алдија и Dollar General Corpa , како и фирмите за достава на намирници Инстакарт, јавува Ројтерс.
Поттикнувањето за вакцинирање на Лидл е меѓу најголемите кои досега некоја фирма го понудила на својте вработени.
Лидл соопштил дека нивните вработени покажале голем интерес за вакцинирање, повикувајќи се на интерната анкета според која, 8 од 10 вработени рекле дека ќе се вакцинираат откако вакцината ќе биде достапна.
Лидл ги продава својте производи во повеќе од 125 продавници ширум девет држави на САД на источниот брег.