ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС Нели беше предавнички Договорот од Преспа?
Не, господине Мицотакис. Никогаш не молиш да се почитува нешто што е негативно за твојата земја“, напиша Каселакис, додавајќи дека или се смета за корисен договор за Грција и се почитува или се смета за лош договор и се поништува.
Претседателот на грчката опозициска партија СИРИЗА, Стефанос Каселакис, кој дојде на местото на Алексис Ципрас реагираше откако претседателката Гордана Силјановска Давкова за време на свечената заклетва ја нарече земјата Македонија.
„Ние, како партија која скапо го плати својот патриотизам, го повикуваме новото раководство на Cеверна Македонија да се вразуми и да размисли за своите одговорности кон историјата и иднината на нејзиниот народ“, напиша на платформата Икс претседателот на СИРИЗА Стефанос Каселакис, јави дописничката на МИА од Атина.
Лидерот на грчката опозициска партија упатува прашања, но и критики до актуелниот грчки премиер во врска со Договорот од Преспа, со оглед на ставот и противењето на Кирјакос Мицотакис во периодот кога беше опозиција.
Го прашува зошто сега моли да се почитува Договорот и дали можеби сепак „не беше предавнички“ договор.
„Премиерот вели дека не му се допадна Договорот, но „државата има континуитет и затоа треба да се почитува“. Не, господине Мицотакис. Никогаш не молиш да се почитува нешто што е негативно за твојата земја“, напиша Каселакис, додавајќи дека или се смета за корисен договор за Грција и се почитува или се смета за лош договор и се поништува.
Паралелно посочува дека „историската вистина понекогаш задоцнето се појавува, но секогаш ги оправдува храбрите, вистинските патриоти“.