Личната фотографка на Ангеловска заболена со ковид-19, министерката не оди во изолација

Од Финансии ги демантираат информациите кои се појавија дека таа одела на работа, поради тоа што во последните 16 дена не се појавила на работното место, па затоа во министерството поради тоа нема причина од превземање на дополнителни мерки за заштита.

1,450

Од министерството за фининасии за Плусинфо ја потврдија информацијата дека личниот фотограф на министерката Ангеловска е позитивна на ковид-19.

Од Финансии ги демантираат информациите кои се појавија дека таа одела на работа, поради тоа што во последните 16 дена не се појавила на работното место, па затоа во министерството поради тоа нема причина од превземање на дополнителни мерки за заштита.






– Станува збор за фотографка која е ангажирана со авторски хонорар во Министерството за финансии и која доаѓа да фотографира на настани кога има потреба. Последен пат беше ангажирана да слика пред 16 дена и оттогаш не била да слика настан. Таа била тестирана позитивна деновиве и и била направена епидемилошка анкета. Штом дознавме ги контактиравме епидемиолозите, кои согласно сите информации кои ги дадовме и временскиот период не информираа дека нема потреба од преземање на мерки. И посакуваме брзо закрепнување на фогографката.  – велат од Министерството.

Оттаму додаваат дека кај нив се работи според утврдените здравствени протоколи, задолжително се носат заштитни маски, секаде има пунктови за дезинфекција и се внимава да се држи дистанца од 2 м и повеќе.

Поврзани содржини