ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ НЕМА ДА ПЛАЌААТ ПАРТИЦИПАЦИЈА Ќе важи и за постари од 26 години

Ова е долгогодишно барање на оваа категорија граѓани и ние како одговорни пратеници тоа сега го овозможуваме – изјави Ненад Коциќ, пратеник од СДСМ.

101

Собранието ги усвои измените на Законот за здравствено осигурување со кои се ослободуваат од плаќање партиципација лицата со попреченост и со над 26 години возраст, соопшти СДСМ.

– Ова е долгогодишно барање на оваа категорија граѓани и ние како одговорни пратеници тоа сега го овозможуваме. На овој начин, го олеснуваме пристапот до лекарски услуги на лицата со попреченост кои повеќе нема да треба да плаќаат партиципација за услугите што ги добиваат.






Ова, освен во делот на лекување, позитивно ќе влијае и на превентивата и на редовните лекарски прегледи на лицата со попреченост – изјави Ненад Коциќ, пратеник од СДСМ.

Поврзани содржини