ЛЕВОТ СТАНА ЕВРО, ЛЕБОТ ПОСКАПЕ ПРВ Бугарите веќе стравуваат од „хрватско сценарио“

На 31 декември лебот во Бугарија чинел во просек 0,89 лева, односно околу 0,46 евра. Само два дена подоцна, на 2 јануари, цената скокнала на 1,19 лева, односно 0,61 евро. Контролните служби извршиле проверки во 700 малопродажни објекти низ целата земја. Од утврдените прекршоци, 80 проценти се однесувале на неоправдано зголемување на цените на прехранбени производи.

168

Зборот „лев“ исчезна од ценовниците во Бугарија, бројките останаа исти, а паричниците се стеснија. Со преминот кон еврото, Бугарија се соочува со потенцијно зголемување на цените. Анкетите во Бугарија сугерираат дека јавноста е загрижена за цените.

Агрегаторот Њуз инбокс, цитирајќи бугарски медиуми, тврди дека производите во просек поскапеле најмалку за една третина. Во дел од продавниците, се вели во текстот, трговците направиле едноставен, но скап потег. Го прецртале зборот „лев“ и го замениле со „евро“, задржувајќи ги истите бројки.






Највидлив пример бил лебот. На 31 декември лебот чинел 0,89 лева, односно околу 0,46 евра. Само два дена подоцна, на 2 јануари, цената скокнала на 1,19 лева, односно 0,61 евро. Зголемувањето изнесувало околу една третина за основна животна намирница.

Леб, паркинг и контроли

Слична пракса била забележана и во услугите. Бугарскиот портал Новините на почетокот на месецот објави дека паркинг-службите во трговски центар во Плевен почнале да наплатуваат иста сума во евра каква што претходно наплатувале во лева. Со тоа, паркирањето фактички било дуплирано.

Контролните служби извршиле проверки во 700 малопродажни објекти низ целата земја. Од утврдените прекршоци, 80 проценти се однесувале на неоправдано зголемување на цените на прехранбени производи. По 10 проценти биле регистрирани кај лековите и кај производите за домаќинството.

Бугарската влада ја следи флуктуацијата на цените.

За некои услуги државата нема контрола

Според економистот Љубомир Дацов, пак, нема значително зголемување на цената на масовните стоки. Тој вели дека  токму строгата контрола во големите малопродажни синџири го ограничила шпекулативното однесување.

– Каде што купувам, работите се апсолутно под контрола. Во оваа позадина, резултатите од телевизиската анкета покажуваат радикално поинаква слика. 88,78% од оние што учествувале во анкетата велат дека сметаат дека цената на стоките и услугите се зголемила откако Бугарија влезе во еврозоната – коментираше тој за бугарската Нова ТВ.

Податоците биле собрани 28 дена по официјалното усвојување на еврото и го одразуваат масовното јавно чувство за зголемување на трошоците за живот. Сепак, според Дацов, проблемот не е со храната и основните стоки, туку со услугите, каде што државата практично нема ефикасни механизми за контрола. Ова најзабележително се манифестира во услугите поврзани со грижата за децата и семејството.

– Овие услуги се однесуваат како монополисти – нагласи економистот.

„Ќе биде слично како во Хрватска“

Георги Вулчев, пак, известува за слична динамика, правејќи паралела со искуството на Хрватска. Според него, токму услугите биле секторот со највисока инфлација кога било воведено еврото. Според него, ова е логичен ефект, бидејќи заокружувањето и слободното одредување цени се манифестираат најбрзо таму.

Во врска со хрватскиот пример, Дацов прецизираше дека скокот на цените не може да се објасни само со еврото. Според него, клучен фактор бил наглото зголемување на туристичките текови и промената во структурата на потрошувачката, што извршило

Поврзани содржини