Левица: Владата повторно ги извиси стечајците

Само од поранешниот гигант за производство на чевли „ЧИК Куманово“, има над 600 стечајци коишто имаат и по над 17 години стаж, но коишто не можат да ги остварат своите работнички права, бидејќи придонесите за социјално осигурување не им се плаќани со години и истите не се евидентирани, реагира партијата Левица.

731

Во Левица секојдневно пристигнуваат поплаки од стечајците, кои останаа како колатерална штета на приватизацијата и за коишто државата со години не води грижа и се сеќава на нив само кога доаѓаат избори. Само од поранешниот гигант за производство на чевли „ЧИК Куманово“, има над 600 стечајци коишто имаат и по над 17 години стаж, но коишто не можат да ги остварат своите работнички права, бидејќи придонесите за социјално осигурување не им се плаќани со години и истите не се евидентирани, реагира партијата Левица.

– Овие лица, не само што не можат да ги користат правата од Законот за стечајци, туку истите нема да можат да остварат ниту право на пензија откако ќе ја исполнат старосната граница, бидејќи го немаат потребниот минимум од 15 години стаж. Веќе видовме дека огромни финансиски средства од Буџетот на РМ се трошат за лизинг на службени возила, патни трошоци, рамковна администрација и слични други непродуктивни трошења и луксузирања на властите, коишто служат за задоволување на мегаломанските желби на државната администрација. Финансиски средства има и доколку кај Владата има политичка волја, може да го реши проблемот на стечајците. Но, јасно е дека истата гарнитура која ги исфрли работниците на улица за време на мрачната транзиција и од работничкиот имот создаде новопечени олигарси, нема интерес да ги обесштети оние врз кои го изгради своето богатство – велат од Левица.






Од партијата велат дека се залага за целосно обесштетување на сите стечајци подеднакво, без разлика на висината на нивниот работен стаж и за таа цел има изготвено сосема нов Закон за стечајци, со којшто сите стечајци ќе бидат целосно обесштетени и со којшто нема да им се нуди милостина, туку ќе го добијат она што реално им припаѓа, а тоа се сите заостанати плати и придонеси. Истиот ќе биде донесен после падот на ваквиот хибриден режим и штом се создадат политички услови за тоа.

Поврзани содржини