Левица поднесе кривични против Џафери, Стојчевска и Богдановски за биотероризам

Тројцата се теретат дека, со умисла и по претходна меѓусебна координација, сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ како и обид за „Пренесување на заразна болест“ со елементи на тешки дела против здравјето на луѓето.

1,413

Левица поднесе кривични пријави против претседателот на Собранието Талат Џафери и
пратеници Бисера Костадинова-Стојчевска и Мирослав Богдановски кои дојдоа заразени во Собранието.

Пријавите се поднесени до Државниот санитарен и здравствен инспекторат – со известување за прекршување на мерката строга изолација (карантин), како и кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против двајцата пратеници и претседателот на Собранието.






– Тројцата се теретат дека, со умисла и по претходна меѓусебна координација, сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ како и обид за „Пренесување на заразна болест“ со елементи на тешки дела против здравјето на луѓето. Дополнително, со таквото свое дејствие, предизвикале став и несигурност кај пратениците и кај јавноста, но воедно го довеле во прашање животот и здравјето на народните избраници и на нивните семејства, а со тоа и нормалното функционирање на институцијата Собрание на РМ – како централен државен орган и единствен уставен носител на законодавната власт во Републиката. Сето ова го договарал и знаел и собранискиот спикер – третопријавениот Џафери, но истиот не само што не сторил ништо за да го спречи, како најповикано одговорно службено лице со дадени овластувања со Законот за Собранието на РМ и со Деловникот на Собранието на РМ, туку истиот и го организирал овој опасен биохазарден експеримент, кој може да го парализира нормалното работење на законодавниот дом во целина – велат од Левица.

Од партијата додаваат дека очекуваат од ОЈО да постапи по пријава во најбрз можен рок, како и во другите случаи на прекршување на мерката домашен карантин на лица позитивни на коронавирусот, со што би ставило до знаење дека сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите.

Поврзани содржини