Левица поднесе 425 приговори на изборните резултати

994

Левица до Државната изборна комисија денеска поднела дури 425 приговори и како што соопштуваат од партијата ќе следуваат уште се до затворањето на рокот кој истекува денеска во 19.30 часот.

„Приговорите се однесуваат на голем дел од избирачки места од повеќе изборни единици каде што набљудувачите на Партијата, но и други лица кои непосредно беа сведоци на броењето на гласовите, ни дадоа информации за манипулации спроведени од страна на лица на ДИК“, стои во соопштението.






Со овие манипулативни активности директно е оштетена политичката партија Левица, на која ѝ се скратени три пратеници, а директно е нарушено и правото на избор на граѓаните чии гласови не се правилно валоризирани.

Партијата информира дека приговори ќе продолжи да поднесува се до крајниот рок.

ДИК во недела, понеделник и вторник ќе одлучува дали ќе бидат прифатени приговорите, според законски пропишаните рокови.

Во текот на вчерашниот ден пристигнаа вкупно 82 приговори.

Поврзани содржини