ЛЕВИЦА МУ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА НА ЏАФЕРИ Претседателот на Собранието го прошверцува Законот за државјанство

Очекуваме, надлежното ОЈО – Скопје, сериозно да ја земе во работа оваа наша издржана кривична пријава и по неопходниот распит на пријавениот, како и по комплетирање на целокупната релевантна документација за овој кривичноправен настан, да поведе обвинение против актуелниот претседател на Собранието, велат од Левица.

659

Левица, денеска до скопското јавно обвинителство поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието Талат Џафери бидејќи илегално, со европско знаменец го пуштил Законот за државјанство во собраниска процедура. Кривичната од Левица до Џафери е за злоупотреба на службена должност.

– Пријавениот се товари дека во својство на овластено службено лице, како претседател на Собранието на РМ – на ден 22 јули 2021 година, без да го врати на доработка и неопходно доуредување, а по претходен договор и координација со Владата, илегално го пуштил во собраниска процедура со „европско знаменце“, односно во брза и полна легислативна постапка, контроверзниот предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Македонија, по скратена постапка, со што на пратениците им нанел директна и индиректна штета, преку узурпација на неприкосновеното субјективно пратеничко право на говор и фактичко оневозможување на правото на предлагање амандмани од страна на народните избраници во македонскиот парламент – велат од Левица.






Според партијата на овој начин, со своето свесно и злонамерно дејствие на пропуштање, т.е. неизвршување на својата службена должност, спикерот Џафери, намерно и со предумисла, не се грижел соодветно и должно за примената на Деловникот на Собранието, иако знаел и бил должен да знае дека предлог-законот во никој случај не ги исполнува деловничките услови, бидејќи истиот не врши никакво усогласување со која било регулатива или директива на ЕУ, туку лажно се наведени конвенции на Обединетите Нации и на Советот на Европа.

– Очекуваме, надлежното ОЈО – Скопје, сериозно да ја земе во работа оваа наша издржана кривична пријава и по неопходниот распит на пријавениот, како и по комплетирање на целокупната релевантна документација за овој кривичноправен настан, да поведе обвинение против актуелниот претседател на Собранието на РМ, со што еднаш-засекогаш би се ставил крај на сè позачестената злоупотреба на „европското знаменце“ за шверцување штетни закони во парламентот – велат од Левица.

Поврзани содржини