ЛЕВИЦА КРИВИЧНО ПРИЈАВИ ДВАЈЦА ОД БИТОЛСКАТА ПОЛИЦИЈА Зошто ги спречија партиските активисти мирно да протестираат на Мечкин Камен?

Јошевски и Марковски насилнички им ги одзеле транспарентите на активистите, на кои пишувало „Стоп за бугаризацијата“ и „Предавници фашисти, клети врховисти“, обвинува Левица.

144

Партијата Левица соопшти дека поднела кривична пријава против началникот Бенито Јошевски и против инспекторот Никола Марковски од СВР Битола, поради инцидентите од Мечкин Камен, кога, според партијата, полициски и параполициски структури на СДСМ малтетирле обични граѓани.

„Преку уставно гарантираните права на слобода на мисла и на јавно изразување на мислата, како и правото на мирен собир и изразување протест, целта беше спротиставување на политиките на пробугарската СДСМ, кои го рехабилитират бугарскиот фашизам и врховизам. Јошевски и Марковски, насилнички им ги одзедоа транспарентите на активистите на Левица и со тоа извршија кривично дело Повреда на рамноправноста на граѓаните по член 137, став 2 од Кривичниот законик“, тврди Левица.






На транспарентите пишувало: „Стоп за бугаризацијата“ и „Предавници фашисти, клети врховисти“.

„Режимот ги демонстрира своите авторитарни и анти-македонски одлики и за исполнување на фашистички цели истапува и вон законите. На територијата на државата непрестајно никнуваат здруженија со имиња на фашистички државници и сродни соработници, токму за остварувањето на неофашистичката агенда. Во име на МВР, Оливер Спасовски јавно изјави дека за инцидентите не може да се постапи додека нема пријава. Затоа, очекуваме институциите да постапат согласно законите и оваа кривичната пријава да биде процесуирана“, беше кажано на прес-конференцијата на Левица.

Поврзани содржини