Левица и ДПА в понеделник во ДИК по уверенијата за пратеници

1,007

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, ги подигнаа уверенијата за пратеници по свечената седница, информира Државната изборна комисија.

Претходно на свечента седница биле подигнати уверенијата на избраните пратеници од Коалицијата „Можеме“ , ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“, како и Демократската Унија за Интеграција –ДУИ.






– Уверенијата за избраните пратеници на политичката партија Левица и уверението за избран пратеник на Демократската партија на албанците – ДПА, сѐ уште не се врачени. Истите ќе се врачат во понеделник кога или избраните пратеници или овластени лица од страна на наведените политички партии ќе ги подигнат од Државната изборна комисија, соопшти ДИК.

Поврзани содржини