📽 ЛЕВИЦА ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Партијата со видеоспот го најави учеството на изборите за шеф на државата
Левица го нуди единствениот избор во клучен момент. Претседателски кандидат со решителност и храброст да каже не на раскрчмувањето на Македонија“, се дел од пораките од видеото.
Политичката партија Левица најави дека на претстојните претседателски избори ќе оди со свој кандидат. На фејсбук профилот на партијата објавено е видео на кое партијата најавува учество на претседателските избори, но не и името на нивниот кандидат.
„Време е македонскиот народ да се заложи за себе храбро, чесно и борбено. Левица го нуди единствениот избор во клучен момент. Претседателски кандидат со решителност и храброст да каже не на раскрчмувањето на Македонија“, се дел од пораките од видеото.