Лев останува селектор на Германија
Тој сигурно ќе го води националниот тим на ЕП во 2021 година, шампионат во кој Германците во групната фаза ќе ги одмерат силите со Франција, Португалија и Унгарија.
Јоаким Лев ќе продолжи да биде селектор на германската фудбалска сениорска репрезентација.
Ова е најновата вест која доаѓа од Германија, а се однесува на стратегот чие место во изминативе денови се тресеше по дебаклот од Шпанија во Лигата на нации, поразот од 6-0 кој беше еден од најтешките на четиркратниот светски шампион.
Германците имаат доста променливо, па доста познати имиња побараа смена на Лев, меѓутоа федерацијата земајќи ги во предвид сите околности одлучи да му даде поддршка на селекторот кој ја извршува оваа функција од 2006 година.
Тој сигурно ќе го води националниот тим на ЕП во 2021 година, шампионат во кој Германците во групната фаза ќе ги одмерат силите со Франција, Португалија и Унгарија.