ЛЕТОТО Е ТУКА! Бидете заштитени под сонцето заедно со sundance!
Во топлиот јунски период, заштитата и негата на кожата е потребна повеќе од кога било.
Различните стилови на живот и различните типови на кожа бараат и соодветна заштита од сонце, но најважно е да се заштитите од ултравиолетовото зрачење кое предизвикува предвремено стареење, изгореници и канцерогени промени по кожата.
Големиот избор на производи од sundance – сопствената марка на dm е погоден за целото семејство – од најмалите до повозрасните.
Богатата колекција опфаќа масла за сончање, лесни заштитни спрееви, спрееви за заштита за време на спортските активности, производи за самопотемнување, очила за сонце, производи за после сончање и секако правите и најважните класици: млека и креми за сончање со силна заштита од УВА/УВБ сончеви зраци.
Дополнително, за чувствителна кожа постојат и специјални линии, sundance sensitiv и sundance Med Ultra Sensitive.
Доколку сѐ уште не сте сигурни кој производ да го одберете, дознајте од спец-др Тихомир Цветковиќ, дерматовенеролог во Дерма Плус, зошто е важно да се грижите за вашата кожа под сонцето и зошто изборот на вистинскиот заштитен фактор е клучен за здрава, заштитена и хидрирана кожа.
View this post on Instagram
Избегнувајте ги сончањето и долгите прошетки во периодот од 12 до 16 часот, кога УВ-зраците се најсилни и најштетни. Доколку сепак морате да бидете изложени на сонце во овој период од денот, за максимална заштита од сонцето и минимални иритации и алергии на вашата кожа користете го производот кој најмногу ви одговара од колекцијата sundance достапна во dm.
Не заборавајте, превентивната заштита на кожата е најдобрата нега, а безбедноста на кожата не е тренд, тоа е инвестиција, па затоа започнете денес со информирање и со стручна нега – ве советува Спец-др Тихомир Цветковиќ.