Летното ноќно небо ветува спектакл – следниот вторник ќе „танцуваат“ Марс и Венера (ФОТО)

Ова лето го разубавува и полната Месечина која ќе ја видиме четири пати, а на 22 август ќе биде токму четвртата, која е наречена „Сина Месечина“.

397

Сите оние кои сакаат да го набљудуваат небото, од професионален аспект или, пак, од хоби, од почетокот на оваа година, се израдуваа на бројни спектакуларни појави.

Сè започна со конјункцијата на Јупитер и Венера, средбата на двете најсветли небесни тела. Подоцна, ги видовме Јупитер и Меркур кои беа многу блиску на небото.






Следеше Супер Месечина, мигот кога Месечината се наоѓаше на најблиското растојание од Земјата, па затоа можевме да уживаме во глетката на нејзиното височество.

Прстенестото затемнување на Сонцето, иако видливо само во Русија, Грендланд и Северна Канада, не ги остави рамнодушни љубителите на небесните магии.

Влеговме во месец јули, па сега нè очекуваат два интересни феномена, односно, на 13 јули небото ќе го краси средбата на Марс и Венера, а само пет дена подоцна, на 18 јули, ќе уживаме и во танцот на Марс и Меркур.

Месец август ветува прекрасни глетки, на кои не ќе можете да одолеете. На 2 август, Сатурн ќе биде во опозиција и затоа ќе биде многу видлив од наше гледиште, а веќе на 20 август, ноќта ќе ја краси сјајниот Јупитер.

Средината на август е позната по „ѕвезден“ спектакл, односно по метеорските дождови. Отсуството на Месечината, ќе ја зајакне моќта на настанот, бидејќи Персеидите ќе дојдат целосно до израз. Оваа појава настанува кога Земјата минува низ облаци од честички прав, оставен од кометата Свифт-Татл.

Ова лето го разубавува и полната Месечина која ќе ја видиме четири пати, а на 22 август ќе биде токму четвртата, која е наречена „Сина Месечина“.

До крајот на оваа година, нè очекуваат и други случувања, а сите оние кои ги фасцинира небесниот свод со нетрпение ги очекуваат.

Веќе на 29 октомври, Венера ќе го разубави вечерното небо, затоа, подгответе ги телескопите.

Вториот ден од ноември, кометата 67П / Чурјумов-Герасименко, со својот периодичен премин околу Сонцето, ќе биде на 63 милиони километри од нашата планета, што е малку повеќе од растојанието меѓу Земјата и Марс. Овој премин, ќе биде малку потежок за набљудување со голо око, затоа би било фантастично доколку се опремите барем со двоглед. Ноември не завршува само со ова случување. Веќе на 19-тиот ден, ќе нè изненади делумното, но не и потценувачко затемнување на Месечината.

Во Африка, годината ќе заврши со посебно убава глетка, односно на 4 декември, ќе следува целосното затемнување на Сонцето, а исто така, за комплетирање на годината со убавините кои Универзумот ги приредува за сите нас, ќе следува уште еден метеорски дожд.

Доколку сте од оние кои се полнат со позитивна енергија гледајќи ги ваквите феномени на небото, без размислување, 2021 е вашата година.

Поврзани содржини