ЛЕТНА НАГРАДНА ИГРА НА ВЕРО Освојте вредносен ваучер од 500.000 денари
Во рамки на целата наградна игра ќе бидат доделени: 1 ваучер од 500.000 денари, 8 ваучери од 30.000 денари, 8 ваучери од 15.000 денари, 24 ваучери од 12.000 денари и 48 ваучери од 6.000 и од 3.000 денари.
Со слоганот „Ова лето купувај, цела година уживај“, маркетите Веро ја лансираат својата нова голема летна наградна игра од 21 мај до 18 јули 2025 година и ќе им понудат на потрошувачите можност да освојат вредни неделни награди, како и главна награда вредносен ваучер во износ од 500.000 денари.
Во рамки на целата наградна игра ќе бидат доделени: 1 ваучер од 500.000 денари, 8 ваучери од 30.000 денари, 8 ваучери од 15.000 денари, 24 ваучери од 12.000 денари и 48 ваучери од 6.000 и од 3.000 денари.
Во периодот на наградната игра, секоја сабота во 12 часот во Веро Центар – Скопје, ќе се одржуваат јавно извлекувањата на добитниците. Големото финале ќе се одржи на 19 јули 2025 година, кога ќе биде извлечен среќниот добитник на ваучер во вредност од половина милион денари.
Секој потрошувач кој ќе направи сметка над 350 денари со барем еден производ од означената промотивна понуда, добива купон за учество. Со пополнување на купонот и негово оставање во обележаните кутии во маркетите Веро, автоматски се вклучува во извлекувањата за вредносни ваучери.
Имињата на среќните добитници ќе бидат јавно објавувани на официјалните социјални мрежи на Веро маркети, а информации ќе може да се добијат и директно во маркетите.
Веро маркети ги наградуваат своите потрошувачи ова лето како никогаш досега – затоа купувајте, зачувајте ја фискалната сметка и очекувајте ја вашата шанса за добивка! – порачуваат од компанијата.