Летечката кола на Стефан Клајн леташе 35 минути во Словачка (ВИДЕО)

Колата, која има стандарден БМВ мотор на бензин може да лета и до 1000км на едно полнење, на висина до 2500 метри, а се претвора во летечка кола за само две минути пуштајќи ги своите крила.

579

„ЕјрКар“ на професорот Стефан Клајн леташе 35 минути од аеродромот во Нитра до Братислава, пренесува Нова. Колата, која има стандарден БМВ мотор на бензин може да лета и до 1000км на едно полнење, на висина до 2500 метри, а се претвора во летечка кола за само две минути пуштајќи ги своите крила.

Погледнете го видеото од летот:






Многу е задоволувачка

Додека репортерите гледаа како професорот Клајн ја одвезе колата од аеродромот во град, кајшто ја возеше како нормална кола, тој само изјави дека искуството е „прилично задоволувачко“. Единствена мана ѝ е што, за разлика од оние јапонски такси-дронови, таа не може да полета одма нагоре, туку полетува како авион – достигнувајќи и до 170 километри на час.

Во вторникот главниот менаџер на Хјундаи го нарече концептот на летечка кола „дел од нашата иднина“ и не е за чудење: според некои експерти од Морган Стенли, индустријата со летечки коли би тежела окоу 1,5 трилиони долари. Зошто? Затоа што ќе го реши проблемот со асфалтирање патишта и прекумерна населеност во светот.

Две години и два милиони евра 

Му требале цели две години и два милиони евра на Клајн, со својата фирма Клајн Вижн да го развие прототипот на оваа летечка кола.

– Само во Америка годишно се нарачуваат и до 40 илјади нови авиони годишно – вели Антон Зајац, консултант во Клајн Вижн. Ако убедиме бар 5 отсто од нив, да ја сменат нарачката за авион во летечка кола, тогаш ќе имаме огромен пазар.

Детето на Bugatti Veyron и Cesna 172

Колата е „дете на Bugatti Veyron и Cesna 172“ вели Рајт, познат англиски професор по авијатика. Тој е фасциниран од возилото и нема замерки за потрошувачката на гориво споредено со други авиони и летала.

– Секој може да направи авион, но трикот е да направите таков што ќе лета и ќе лета милиони часови, превезувајќи патници, без да се има никаков инцидент – изјавил тој.

Сепак, професорот признава дека „не може да дочека да го види пусулчето со кое ќе се вели дека ова летало е безбедно за летање и за продажба.“

 

 

Поврзани содржини