Летаат боксови низ Скопје, лице починало додека се возело во автобус
Скопјанка пријавила дека била измамена од непознати лица кои и одземале пари.
ПРИВЕДЕН КУМАНОВЕЦ ПОРАДИ МАРИХУАНА – На 24.08.2020 полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода К.С.(23) од Куманово затоа што при преглед кај него билa пронајденa марихуана. К.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
СКОПЈАНКА ПРИЈАВИЛА ДЕКА СО ИЗМАМА И ОДЗЕМАЛЕ ПАРИ – На 24.08.2020 во 18.05 часот, Р.Д.(78) од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума 1.400 евра и 30.000 денари. Според пријавеното, околу 10.00 часот од непознат број и се јавило лицето и и рекло дека нејзината ќерка и нејзиниот партнер предизвикале сообраќајна незгода во која било повредено едно лице-мигрант, а ќерка и била со тешки повреди. Исто така, според пријавеното, лицето и кажало дека требала да плати 25.000 евра за да ја спаси ќерка и од одговорност. Според пријавата, потоа тие се сретнале и му ги дала парите. Се работи на расчистување на случајот.
ЗАЛУТАНО ЗРНО ОД КУРШУМ ВО САРАЈ – На 24.08.2020 во 20.40 часот во СВР Скопје, А.С. пријавил дека на ул.„2“ во Сарај пронашол залутано зрно. Повредени лица нема, а увид извршила екипа од СВР Скопје. Зрното е подигнато за понатамошна постапка.
ПРВО СЕ СКАРАЛЕ ПА БИЛ ПРЕТЕПАН – На 23.08.2020 во Полициската станица Центар, В.Ѓ.(42) од Скопје пријавил дека во 18.00 часот на ул.„Тодор Александров“ во Скопје бил физички нападнат од едно лице, а според пријавеното, причина за нападот била претходна вербална расправија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ТЕПАЧКА ВО РЕСТОРАН ВО СКОПЈЕ – На 25.08.2020 во 00.05 часот, Б.И.(26) од Скопје пријавил дека на 24.08.2020 околу 23.15 часот во угостителски објект на ул.„Мирослав Крлежа“ бил физички нападнат од две лица. Се работи на расчистување на случајот.
СКОПЈАНЕЦ НАПАДНАЛ ЖИТЕЛКА НА АРАЧИНОВО – На 24.08.2020 во 16.00 часот, А.Ш.(22) од Скопје пријавила дека околу 15.00 часот во с.Арачиново била физички нападната од Б.С.(33) од с.Арачиново. Се работи на расчистување на случајот.
ПОЧИНАЛ ДОДЕКА СЕ ВОЗЕЛ ВО АВТОБУС – На 24.08.2020 во 16.23 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје има починато лице. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за Ј.М.(59) од с.Биљановце, кумановско. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавенобвинител телото било предадено на семејството.
ИСЧЕЗНАЛО ЛИЦЕ ОД АЛБАНИЈА – На 24.08.2020 во Полициската станица Струга, С.Ј.(34) од Р.Албанија пријавил дека неговиот татко С.Ф.(60) се оддалечил од домот. Според пријавеното, С.Ф. остварил излез од Р.Албанија на 22.08.2020 и остварил влез во РС Македонија и до моментот на пријавување не се вратил во својот дом. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
СО ТВРД ПРЕДМЕТ УДИРАЛ ПО СОСЕЛАНЕЦОТ – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.К.(28) од с.Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 02.03.2020 во кафе бар во с.Радолишта пријавениот со тврд предмет го нападнал Д.М.(55) од с.Радолишта и му нанел повреди.
ПРОНАЈДЕН ПИШТОЛ КАЈ ДВАЕСТГОДИШНИК ОД НЕГОТИНО – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против Ј.К.(20) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. На 28.04.2020 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Неготино, при што пронашле и одзеле пиштол, петарди, четири чаури и спреј.
ОДГЛЕДУВАЛ МАРИХУАНА ВО СВОЈОТ ДОМ – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против И.З.(58) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 24.03.2020 полициски службеници извршиле преглед над пријавениот на ул„11-ти Септември“ во Кичево, при што пронашле 18 семки од растението „канабис сатива“, а подоцна при претрес во неговиот дом пронашле семки од растението „канабис сатива“ и кутија со 43 куршуми непознат калибар.
КРИВИЧНА ЗА ОГРАНИЗИРАЊЕ ТУРНИР ВО ФУДБАЛ – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Е.Е.(21) и С.А.(22), двајцата од с.Долно Косоврасти, дебарско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 13.08.2020 во с.Долно Косоврасти пријавените организирале турнир во фудбал со што ја прекршиле забраната за одржување на спортски натпревари донесена од страна на Владата на РС Македонија за време на епидемија.