ЛЕТАА ШЛАКАНИЦИ И БОКСОВИ СРЕД ЕМИСИЈА Се степаа новинар и политичар кои беа гости во украинска телевизија (ВИДЕО)

Инцидентот беше пренесен во живо, а на него претходеше жестока расправија за рускиот претседател Владимир Путин.

881

Синоќа во дебатната емисија „Слобода на говор“, се степаа новинарот Јури Бутусов и пратеникот од про-руската партија Платформа за живот, Нестор Шуфрич.

Инцидентот беше пренесен во живо, а на него претходеше жестока расправија за рускиот претседател Владимир Путин.






Тензијата во студиото порасна кога пратеникот одби да одговори дали рускиот лидер е “убиец и криминалец“.

Снимките покажуваат како новинарот прво го удира пратеникот во лицето, а потоа двајцата околу една минута се борат на подот, додека останатите во студиото меѓу кои и поранешниот претседател Порошенко, не успеаа да ги раздвојат.

 

Поврзани содржини