ЛЕСНО Е ДА СИ ПРВ КОГА НЕ ИГРА НОВАК Надал е најголемиот фаворит за освојување на „Австралија опен“
Мислам дека фаворит е тој што располага со сè пред сите во рангирањето. Ќе го изберам Рафа бидејќи има 20 грен слем титули, изјави рускиот тенисер Данил Медведев.
Рускиот тенисер Данил Медведев го прогласи Шпанецот рафаел Надал за фаворит на Австралија опен уште по првото коло на турнирот во Мелбурн.
– Мислам дека фаворит е тој што располага со сè пред сите во рангирањето. Ќе го изберам Рафа бидејќи има 20 грен слем титули – изјави Медведев за „Eurosport.co.uk“.
Надал и Медведев победија во првото коло на Австралија опен.
Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ беше прв фаворит на турнирот, но беше депортиран од Австралија, па сега со поголеми шанси за трофејот се неговите конкуренти.