ЛЕСЕН ТРЕНИНГ ЗА НОЛЕ Србинот експресно се пласираше во второто коло на Вимблдон

Во првата рунда српскиот ас беше подобар од Вит Коприва од Чешка, кого го совлада со 3-0 во сетови (6-1, 6-2, 6-2). Србинот му препушти само пет гејма на квалификантот кој во ниту еден наврат не делуваше како сериозна опасност.

288

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ тргна победнички на Грен Слем турнирот Вимблдон кој се игра на тревна подлога во Лондон, Англија.

Во првата рунда српскиот ас беше подобар од Вит Коприва од Чешка, кого го совлада со 3-0 во сетови (6-1, 6-2, 6-2). Србинот му препушти само пет гејма на квалификантот кој во ниту еден наврат не делуваше како сериозна опасност.






Во следната рунда на Вимблдон, Ѓоковиќ пак е голем фаворит затоа што ќе се соочи со Џејкоб Фирнли, играч кој влезе со вајлд-карта.

– Не сум го гледал, морам да си ја завршам домашната задача. Тој доби вајлд-карта, но ќе анализирам денес и ќе видам со кого си имам работа. Тој е Британец, не ми се допаѓа да играм против Британците на Вимблдон, но важно ми е да останам во ритам. Тоа за мене е примарно – изјави Ѓоковиќ.

Поврзани содржини