ЛЕПА БРЕНА ВО СОЛЗИ ОТКРИ ШТО СЕ СЛУЧИЛО СО СНИМАТЕЛОТ КОЈ ПАДНА ВРЗ НЕА „Млад е, не ми се допаѓа кога…“
Музичката ѕвезда Лепа Брена доживеа сериозна скршеница на ногата откако член на тимот пропадна низ лифтот на сцената и падна директно врз неа на концерт во загрепската Арена.
Музичката ѕвезда Лепа Брена доживеа сериозна скршеница на ногата откако член на тимот пропадна низ лифтот на сцената и падна директно врз неа на концерт во загрепската Арена.
Таа сега за првпат открила детали и ја открила состојбата на снимателот по падот, а дури и заплакала и за членот на својот тим.
Брена откри дека по тешката повреда „прашала да дознае во каква состојба е снимателот“ и дека дури откако дознала дека тој не е тешко повреден, решила да оди во болница.
– Ги замолив да ми кажат што се случи со снимателот, бидејќи бев многу исплашена за него. Тој е млад дечко, има 25 години. Не ми се допаѓа кога на некој од мојот тим ќе му се случи нешто. Кога ми рекоа дека е добро, дека малку се повредил, но дека е сосема добро, реков „дајте ми еден пијалак да испијам, дозволете ми да се опуштам и да се смирам сега и однесете ме во болница“, открила Брена.
Пејачката открила и како изгледал денот по операцијата, а како што изјавила, поради големиот шок спиела речиси два дена.
– По операцијата, кога се намали адреналинот, ми дадоа нешто за смирување, бидејќи тоа беше таков шок. Спиев речиси цел ден и цела ноќ, а дури следниот ден некако станав свесна за тоа што можело да се случи и со мене и со него.
Брена ја спомнала и снимката на која детално се гледа моментот кога камерманот пропаѓа низ лифтот, а пејачката тоа видео сè уште не може да го погледне.
– Сè уште не можам да ја гледам таа снимка на која тој паѓа, а јас излегувам затоа што веднаш ми доаѓа да заплачам. Сега кога се сетив, тоа е болен момент за мене – рекла Брена при гостувањето на „ЕкстраФМ“.