📷 ЛЕПА БРЕНА ДАЛА 50.000 ЕВРА ЗА РЕНОВИРАЊЕ Се појави снимка од внатрешноста на вилата, погледнете како изгледа!
Пејачката ја реновира вилата на Бежанијска коса додека со семејството одмора на Јадран.
Лепа Брена одлучи да направи целосно реновирање на својата раскошна вила на БежаниЈска коса, вредна околу 2,5 милиони евра. Пејачката вложи 50.000 евра за замена на паркети и столарија, а снимки од работите неодамна се појавија на социјалната мрежа ТикТок.
Еден од мајсторите, горд што работи на проект за позната личност, сподели кратко видео од ентериерот, кое брзо го привлече вниманието на јавноста. И покрај шпекулациите дека Брена размислувала за продажба на имотот, таа и Боба Живојиновиќ решиле да останат и да ја освежат својата семејна оаза.
Во моментот, семејството Живојиновиќ ужива на Јадран, каде Брена има настапи, а реновирањето се одвива без нивно присуство – далеку од стрес и врева. Според близок извор, работите вклучуваат нов паркет, свежо варосување, нова столарија, а наскоро ќе почне и уредување на дворот и надворешноста.

Иако купиле стан во луксузна кула на Нов Белград, емоционалната поврзаност со куќата ги натерала да останат таму. Сега, вилата ќе добие нов сјај, во согласност со модерните стандарди и нивните потреби.
