ЛЕПА БРЕНА ЈА ПОКАЖА ЈАХТАТА ОД 6 МИЛИОНИ ЕВРА Пејачката крстари по Медитеранот со семејството
Јахтата на Брена е „прекрасен брод од околу 100 стапки (околу 30 метри), со пет, шест спални соби. Тоа не беше само подарок за нашата душа. Сакавме да си дозволиме нешто, бидејќи ситуацијата беше специфична. Не можевме да се дружиме, можевме само да пловиме“, рекла таа во свое претходно интервју.
Во јахта долга 30 метри која ја купиле за 6 милиони евра Лепа Брена заедно со својот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ и фамилијата крстари по Медитеранот. Познатата пејачка конечно објави фотографија од јахтата со шест спални соби на социјалната мрежа Инстаграм, пренесува Мондо.
View this post on Instagram
„Патуваме затоа што патувањето, разновидноста и далечината се тајните освежувачи на креативноста на нашиот ум“, напиша Брена во својот Инстаграм-пост.
Јахтата на Брена е „прекрасен брод од околу 100 стапки(околу 30 метри), со пет, шест спални соби. Тоа не беше само подарок за нашата душа. Сакавме да си дозволиме нешто, бидејќи ситуацијата беше специфична. Не можевме да се дружиме, можевме само да пловиме “, рекла таа во свое претходно интервју.
Брена и нејзиниот сопруг имаат намера со јахтата да го обиколат целиот свет.