LENOVO И БЕКАМ ЈА РЕДЕФИНИРААТ ИГРАТА Фудбалерот носи перспектива што оди многу подалеку од теренот
Дејвид Бекам ќе се појави и во претстојната глобална маркетинг кампања на Lenovo, која ќе стартува во мај, еден месец пред почетокот на FIFA World Cup 2026.
Lenovo денеска објави глобално партнерство со Дејвид Бекам, обединувајќи една од најпрепознатливите културни личности во светот и една од водечките технолошки компании.
Соработката се надоврзува на растечката улога на Lenovo во глобалниот фудбал, вклучително и нејзината позиција како официјален технолошки партнер на FIFA World Cup 2026 и FIFA Women’s World Cup 2027. Ова прво партнерство од ваков вид ќе го вклучи Дејвид Бекам во активностите на Lenovo поврзани со AI-решенија насочени кон спортот, кои го трансформираат фудбалот за клубовите, играчите, судиите и навивачите, особено во подобрување на перформансите на тимовите, создавање подобро искуство за фановите, поефикасни операции и отворање нови извори на приходи преку иновации базирани на вештачка интелигенција.
Како човек што управува со сопствени бизниси, Бекам носи перспектива што оди многу подалеку од теренот. Без разлика дали станува збор за професионалец кој го води својот ден од еден уред, мал бизнис кој се обидува да постигне повеќе со помалку ресурси или компанија што го преосмислува начинот на работа на цели тимови, Бекам ќе помогне да се оживее клучната идеја на оваа соработка: дека вистинската технологија, потпомогната од AI, може да му помогне на секого да функционира на највисоко ниво.
Дејвид Бекам ќе се појави и во претстојната глобална маркетинг кампања на Lenovo, која ќе стартува во мај, еден месец пред почетокот на FIFA World Cup 2026.
– Lenovo е глобален лидер со докажани резултати на најголемите светски сцени. Гордост е да соработувам со Lenovo за Светското првенство и пошироко. Фудбалот секогаш ќе биде дефиниран од талент, инстинкт, напорна работа и незаборавни моменти што ја прават играта посебна. Сега, вештачката интелигенција и податоците ни помагаат подлабоко да го разбереме спортот обликувајќи како играчите и тренерите се подготвуваат и како навивачите се поврзуваат со играта. Со нетрпение очекувам да научам повеќе за најсовремените решенија на Lenovo, кои отвораат нови идеи и го прошируваат пристапот до фудбалот – изјави Бекам за партнерството.
– Дејвид не е само глобална фигура во фудбалот, бизнисот и културата, туку и личност која ја разбира моќта на иновациите да го трансформираат светот. Тоа го прави совршен партнер за да покажеме како Smarter AI може да овозможи подобар живот и поефикасна работа за сите – изјави извршниот директор и претседател на Lenovo, Yuanqing Yang.
Со ова партнерство, Lenovo дополнително ја зацврстува својата позиција како двигател на иновации во спортот и во технологијата, носејќи нова вредност за сите учесници во фудбалската индустрија. Оваа соработка претставува уште еден чекор кон иднина во која технологијата и спортот се сè повеќе испреплетени, создавајќи подобри искуства и можности за сите.
Официјален дистрибутер на Lenovo во Македонија за лаптопи, таблети, смартфони, десктоп компјутери и сервери е АИТОНИКС АД. Компанија со докажана експертиза и 25-годишно искуство во дистрибуцијата на ИТ производи и изработката на софтверски решенија.
За повеќе информации во врска со Lenovo уредите, контактирајте го продажниот тим во АИТОНИКС на 02 329 83 38 или на email адреса [email protected].