Секое второ лице не знае како правилно да ги чува лековите во домашни услови, покажало истражувањето спроведено во повеќе земји на Европската унија.
Студијата откри дека повеќето ги чуваат таму каде што најмногу им штети, а тоа е бањата. Лековите тука претрпуваат удари на постојана влажност и топлина, што се одразува на нивната ефикасност, односно ја ослабува. Експертите велат дека најдобро место за чување лековите е дневната или спалната соба, а доколку ги чувате во кујната, тогаш важно е тие секогаш да бидат во темница, во добро затворена фиока.
Различните капки, сирупи, но и фластери чувајте ги во фрижидер, најмногу две недели. Исто така, треба да водите сметка и да не го вадите шишето со сируп од кутијата, бидејќи е многу чувствителен на светлина.
Лековите секогаш чувајте ги во оригиналното пакување, затоа што на него го пишува рокот на траење, за што исто така мора да се грижите. Покрај тоа, никогаш не фрлајте ги упатствата за употреба, бидејќи може да го заборавите начинот на користење.
Каде најчесто грешиме? Кога ќе употребиме само половина од некоја таблета, другата половина ја оставаме да стои којзнае колку долго. Мора да ја искористиме во рок од 24 часа.