Лекарка специјалист и медицинска сестра се новите заболени од ковид-19 во Кавадарци

474

Лекарка специјалист и медицинска сестра од Општата болница Кавадарци се новите случаи на ковид-19 во Тиквешијата.

Информацијата за МИА утрово ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог во Центар за јавно здравје Кавадарци.






– Лекарката е без симптоми, додека медицинската сестра со средна клиничка слика се наоѓа на Инфективното одделение во Велес – појасни Јовановски.

Поврзани содржини