Лекарка со повик до жителите на Чешиново-Облешево да одат на матичен лекар ако контактирале со градоначалникот

946

Лекарката Јасминка Ајтовска од Кочани на својот Фејсбук профил апелира до жителите на Општината Чешиново-Облешево да се јават кај матичните лекари ако во изминатите 10 дена биле во контакт со градоначалникот или со некој од вработените во Општината.

– Почитувани сограѓани на Општина Чешиново-Облешево, секој од вас кој последните 10 дена бил во контакт со градоначалникот или со некој од вработените од Општината да се јави кај својот матичен лекар за понатамошни инструкции и лична заштита. Да не се создава паника. Заболени од коронавирусот нема. Но има позитивни од Општинската зграда, кои се без симптоми, напиша лекарката Ајтовска.






На новинарско прашање , министерот за здравство Венко Филопче немаше информации за позитивни од општината Чешиново – Облешево.

Поврзани содржини