Лекарка казнета со 38.000 долари, лечела ковид-19 во сауна ВИДЕО

На својата интернет страница на која нуди бројни третмани за разубавување и производи за зајакнување на имунитетот, д-р Лим сугерирала дека мелатонинот, кој инаку се користи во третман за несоница, би можел да биде лек за ковид-19.

480

Лекарка од Перт, Австралија казнета е поради нудење на лажни третмани против ковид-19, вклучувајќи и третман во сауна за кој тврдела дека ќе ја убие болеста, пишуваат австралиски медиуми.

Д-р. Серена Лим, козметичарка и лекарка на комплементрана медицина добила дури 15 казни за кршење на законот во износ од вкупно 37.800 долари.






На својата интернет страница на која нуди бројни третмани за разубавување и производи за зајакнување на имунитетот, д-р Лим сугерирала дека мелатонинот, кој инаку се користи во третман за несоница, би можел да биде лек за ковид-19.

– Погледнете ги медицинските истражувања. Науката укажува на лек за смртоносниот коронавирус – пишувало на нејзината интернет страница.

По промотивна цена од 999 долари, Лим тврди дека и нејзината озонска сауна го убива вирусот.

– Се што сакав е да пронајдам најдобар начин да се зајакне имунитетот, што е многу важно – вели д-р Лим и додала дека се што работела било за здравјето на луѓето.

На прашањето на кои истражувања се повикува, Лим не сакала да одговори, само рекла дека ќе се жали на одлуката на судот бидејќи не направила ништо лошо.

Заменикот на Сојузниот уред за јавно здравств, Џон Скерит, вели дека досега испратиле казни врзани за ковид-19 на адреса на 40 различни компании во текот на пандемијата во вредност од повеќе од милион долари.

– Го користат стравот на луѓето и нивната загриженост дека може да се заразат од вирусот. Има низа на чудни уреди кои прекрасно светат во боја, но не прават ништо да ја спречат заразата од коронавирусот – вели тој.

Поврзани содржини