ЛЕКАРКА ФАТЕНА КАКО ПРИМА МИТО Поткуп во битолската болница, жестока реакција на министерството

МЗ најавува дисциплинска постапка за вработената во Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола и апелира до граѓаните да пријавуваат неправилности.

1,577

Министерството за здравство реагираше остро по обелоденувањето на случај на корупција во ЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“ во Битола, каде што денес медицинско лице било фатено на дело при примање поткуп. Како што пренесуваат дел од медиумите, станува збор за лекарка од Очното оддeление во Клиничката болница во Битола.

Од Министерството информираат дека веднаш е иницирана постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, согласно сите законски процедури. Реакцијата, како што нагласуваат, е брза, принципиелна и недвосмислена, насочена кон заштита на достоинството на пациентите и интегритетот на здравствените работници.






„Граѓаните имаат право на фер и достоинствен третман. Министерството не толерира корупција и ќе ги санкционира сите прекршоци за да ја зачува довербата во здравствениот систем“, стои во официјалната изјава на Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека очекуваат институционална истрага и целосна завршница од надлежните органи, како дел од ефикасната борба против корупцијата во здравството.

Министерството ги повика граѓаните активно да продолжат да пријавуваат било какви сомнежи за неправилности преку веб алатката „Пријави неправилности“, додека надлежните институции се повикани да постапуваат доследно и без селективност.

Поврзани содржини