ЛЕКАРИТЕ ГО ПОТВРДИЈА ТОА ОД КОЕ СИТЕ СТРАВУВАА Манасков ги скина лигаментите на коленото

Настрадаа предните вкрстени лигаменти, плус страничните вкрстени лигаменти и ‘рскавицата. Нашиот играч ќе мора на операција, долга пауза, соопшти клубот на Манасков „Веспрем“.

860

Македонскиот ракометен репрезентативец Дејан Манасков има тешка повреда на коленото поради која подолго време ќе биде надвор од терените. За повредата на Манасков информира неговиот клуб „Веспрем“.

„За жал, лекарските прегледи го потврдија она од што сите се плашевме. Настрадаа предните вкрстени лигаменти, плус страничните вкрстени лигаменти и ‘рскавицата. Нашиот играч ќе мора на операција, долга пауза. Датумот и местото на постапката сè уште не се познати, така што не можеме да дадеме информации за детали за враќањето на нашиот ракометар. Дејан Манасков е стандарден член на нашиот тим од 2017 година. Постигна 27 гола на десет натпревари оваа сезона. Ние сме со тебе Деки и со нетрпение очекуваме да се вратиш што е можно поскоро!“, се наведува во објавата на унгарскиот клуб.






Повредата и отсуството на Манасков е голем хендикеп за македонската репрезентација која на почетокот на следната година ќе учествува на Европското првенство.

Поврзани содржини